Хрватската пејачка Северина се огласи по трагедијата во црногорскиот град Цетиње.
На Инстаграм, таа сподели емотивна објава и додаде емотикон со скршено срце.
View this post on Instagram
Посебна е врската на Северина со Цетиње. Имено, минатата година пејачката имаше спектакуларен настап во Цетиње, како дел од прославата на Денот на независноста.
Најмалку 12 лица се убиени во Цетиње во Црна Гора од истрели од огнено оружје по физички конфликт во кафуле. Меѓу убиените има деца и членови на семејството на убиецот.