Кошаркарот на Филаделфија, Џоел Ембид, го коментираше конфликтот што го имаше со соиграчите. Прво, Тајрис Макси вербално го нападна Ембид на тимски состанок во Мајами, му кажа дека треба да престане да доцни на сите тимски активности и да погледне како влијае неговото однесување на остатокот од соблекувалната.
По уште еден неуспех на Филаделфија, овој пат против Мемфис, Ембид реши да се огласи.
- Од кого и да излезе, тоа е вистинско с*ање. Разговаравме за многу работи. Не сакам да навлегувам во детали, но целата работа, веројатно, траеше 30 секунди. Повторно, тоа е Џоел Ембид, па мора да биде преувеличено. Што и да е, јас сум причината за сè, ја преземам вината за сè – порача Ембид.