Кошаркарот на Филаделфија, Џоел Ембид, уште еднаш го демонстрираше својот темперамент во НБА лигата, а овој пат нападна жена – судијка!
За време на натпреварот помеѓу Филаделфија и Сан Антонио Спарс, Ембид ја нападна судијката Џенифер Шредер, откако тој беше незадоволен од нејзината одлука која досуди офанзивен фаул.
Американскиот репрезентативец, кој има потекло од Камерун, потоа влезе во расправија со Шредер, а таа набрзо му покажа уште една техничка грешка и го испрати во соблекувалната.
Joel Embiid has been ejected for the second time in his career. pic.twitter.com/4ziLzv7S3V
— NBA on ESPN (@ESPNNBA) December 24, 2024
Ембид ѝ се внесе во лице на судијката, по што неговите соиграчи мораа да реагираат и да го оддалечат од неа, бидејќи во еден момент се чинеше дека може да дојде до физички конфликт.
Embiid intimidating a much smaller woman is not it pic.twitter.com/9iKiBdNFgJ
— BricksCenter (@BricksCenter) December 24, 2024
Ова е вторпат 30-годишниот центар да биде суспендиран од натпревар во НБА.
Што се однесува до самиот натпревар, Филаделфија успеа да победи против Сан Антонио со 111:106.
Ембид го заврши мечот со девет поени по 14 минути, а најдобар кај победниците беше Тајрис Макси со 32 поени, десет скока и осум асистенции, додека Пол Џорџ додаде 19 поени и девет скокови. На спротивната страна одличен беше Виктор Вембањама со 26 поени, девет скока и дури – осум блокади.
Резултати: Шарлот – Хјустон 101:114, Кливленд – Јута 124:113. Орландо – Бостон 108:104, Филаделфија – Сан Антонио 111:106, Атланта – Минесота 117:104, Мајами – Бруклин 110:95, Њујорк – Торонто 139:125, Чикаго – Милвоки 91:112, Оклахома – Вашингтон 123:105, Далас – Портланд 132:108, Денвер – Феникс 117:90, Голден стејт – Индијана 105:111, ЛА Лејкерс – Детроит 114:117.