EPA-EFE/ERIK S. LESSER

Еден од најдобрите кошаркари на денешницата, Џоел Ембид, изјави дека ослабел повеќе од 10 килограми пред почетокот на новата сезона во НБА-лигата.

Камерунецот летово, со репрезентацијата на САД, го освои златото на Олимписките игри и веќе подолго време се подготвува за сезоната во НБА и за нова атака на титулата.

  • Мислам дека ослабев најмалку десет килограми во однос на претходната сезона. Сè уште не сум во совршена форма, сакам уште да ослабам. Тоа е процес. Генералниот менаџер Дерил Мори ќе ви го потврди тоа – истакна Ембид.