Репрезентативецот на Македонија, Елиф Елмас, до крајот на актуелната сезона ќе настапува како позајмен фудбалер во дресот на шпанскиот прволигаш Валенсија. Крилниот напаѓач не беше задоволен од минутажата во дресот на германскиот бундеслигаш РБ Лајпциг и затоа вториот дел од актуелната сезона ќе го одработи на „Местаља“ каде ќе соработува со репрезентативниот колега, Столе Димитриевски.