Елисејската палата: Европа треба да направи повеќе и подобро за својата колективна безбедност

62
Фото:википедија

Европа, чии лидери утре ќе се состанат во Париз, треба да направи „повеќе и подобро“ за својата колективна безбедност со оглед на „забрзаната ситуација“ за решавање на конфликтот во Украина и позициите на американската администрација, соопшти вечерва Елисејската палата.

„Ние веруваме дека, како резултат на забрзувањето на украинското прашање, а исто така и како резултат на она што го кажуваат американските официјални лица, постои потреба Европејците да направат повеќе, подобро и на кохерентен начин за нашата колективна безбедност“, рече неименуван советник на францускиот претседател Емануел Макрон.

Неформалниот состанок што францускиот претседател го организира утре во Елисејската палата за Украина и безбедноста во Европа ќе има за цел да го олесни продолжувањето на разговорите во Брисел за ова прашање, додаде советникот на Макрон.

Покрај Макрон, ќе присуствуваат и шефовите на владите на Германија, Велика Британија, Италија, Полска, Шпанија, Холандија и Данска, како и претседателот на Европскиот совет, претседателката на Европската комисија и генералниот секретар на НАТО.

Состанокот е организиран во ограничен формат од „практични“ причини, но има намера да се прошири, изјави советник на францускиот претседател.

„За нас сите се загрижени, секој треба да учествува во разговорот. Целта е да се утврди што можат Европејците да направат за себе со оглед на забрзувањето што го доживуваме во Украина како резултат на иницијативите на претседателот Трамп, рече тој.

ИЗДВОЕНИ