Амбасадорот на Унгарија, Андраш Клајн, сподели искуство за влијанието од воведување на електрични автобуси во Унгарија. При тоа беше претставен електричниот автобус на унгарскиот производител „Икарус“.

– Автобусот веќе се употребува во Полска, Германија, Романија и Унгарија, и сакам да ги пофалам возилата дека се покажаа како отпорни на дефекти. Во зависност од контингентот потребен за македонскиот пазар би можеле и би било логично да организираме и локално производство на електрични автобуси, изјави претседателот на компанијата Икарус, Бенкоч Томаш

 

Вчера на Машинскиот факултет во Скопје се одржа форумот „Електробус“, на кој се разви дискусија колку електричните автобуси можат да помогнат во подобрувањето на квалитетот на воздухот. Притоа, амбасадорот на Унгарија, Андраш Клајн, сподели искуство за влијанието од воведување на електрични автобуси во Унгарија.

– Сообраќајниот метеж и загадувањето се присутни и во Скопје, и тоа е општо позната ситуација. Дојдени сме да се запознаеме со еден производ – електричен автобус, којшто во Унгарија се покажа како успешен во решавање на овие проблеми. Искрено се надевам дека во блиска иднина ќе може да оствариме посериозна соработка на оваа тема – рече амбасадорот Клајн.

Деканот на Машинскиот факултет при УКИМ, проф. Д-р Златко Петрески, ја нагласи важноста на меѓународната соработка во развојот на иновативни решенија кои го подобруваат живеењето и самото опкружување на човекот.

– Електричните возила, а особено електричните автобуси, претставуваат клучен чекор кон постигнување одржливост во транспортот. Европската Унија веќе е лидер во оваа транзиција, а ние како академска заедница имаме одговорност да придонесеме со знаење, истражување и иновации – истакна Петрески.

Форумот „Електробус“ беше организиран во соработка со „Старк Енерџи“ и унгарскиот производител на автобуси „Икарус“. Унгарскиот производител годишно произведува од 100 до 150 возила, а последниот период се посветени на производството на електричните автобуси.

– Ни причинува особено задоволство што можеме и во Скопје да ги претставиме нашите автобуси. „Икарус“ како фабрика има традиција подолга од 130 години, а денес претставуваме еден од најновите производи – електричниот автобус. Тој веќе се употребува во Полска, Германија, Романија и Унгарија, и сакам да ги пофалам возилата дека се покажаа како отпорни на дефекти. Во зависност од контингентот потребен за македонскиот пазар би можеле и би било логично да организираме и локално производство на електрични автобуси – изјави претседателот на компанијата Икарус, Бенкоч Томаш.

Настанот го подржаа со презентации и Министерството за животна средина и просторно планирање и Асоцијацијата Електромобилност, кои активно работат на промоција на чисти технологии.

 

 

ИЗДВОЕНИ