Еквадор го погоди силен земјотрес со јачина од 6,3 степени според Рихтеровата скала, нема информации за жртви, но причинета е материјална штета.
Епицентарот на земјотресот бил во Тихиот Океан, 20 километри североисточно од градот Есмералдас, на околу 300 километри северозападно од главниот град Кито, а неговата длабочина била 35 километри, соопшти Американскиот геолошки институт.
Еквадорските власти првично издадоа предупредување за цунами на брегот на Тихиот Океан, но подоцна беше откажано.
Од канцеларијата за управување со ризици на Еквадор изјавија за X дека земјотресот се почувствувал во најмалку 10 провинции, но дека ситуацијата сè уште се следи и проценува.