Територијата на целиот Балкан е зафатена од поларна воздушна маса која се спушта директно од Русија. Денешното утро низ целиот регион донесе многу ниски до екстремно ниски температури на воздухот, кои на многу места се спуштаа до, па и под -10 степени, во делови од Балканот и под -15 степени. Во делови од Горски Котар во Хрватска температурата се спушти дури и до -22 степени.
Поларниот бран на Балканот ќе се задржи во текот на целата оваа недела и ќе условува многу ниски до екстремно ниски температури на воздухот. Наутро повторно тие во делови од Балканот ќе се спуштаа до околу, па и под -20 степени.
Слична состојба во поглед на времето ќе имаме и во нашата Македонија, што значи дека под влијание на овој поларен бран од Русија ќе биде и нашата Република Македонија.