Експлозијата во рускиот конзулат во Марсеј има знак на терористички напад, вели Захарова и бара детална истрага

123

Експлозијата во Генералниот конзулат на Руската Федерација во Марсеј има знак на терористички напад и Москва бара темелна истрага од Франција, изјави денеска портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

„Експлозиите на територијата на рускиот генерален конзулат во Марсеј ги имаат сите обележја на терористички напад. Бараме државата што ги акредитира да преземе сеопфатни и брзи мерки за истрагата, како и чекори за зајакнување на безбедноста на руските странски мисии“, рече Захарова, пренесува ТАСС.

Рускиот генерален конзул во Марсеј Станислав Орански потврди претходно денеска за порталот Марсеј дека утринава се случила експлозија во внатрешноста на конзулатот, но дека нема жртви.

Повикувајќи се на извори од противпожарната бригада, порталот наведува дека полицијата ја опколила областа околу конзулатот. Не е познато дали овој инцидент е поврзан со одбележувањето на третата годишнина од почетокот на војната во Украина.

Експлозија кај рускиот конзулат во Марсеј/ФОТО

ИЗДВОЕНИ