Експлозија во Звечан, оштетен објектот на Пошта – внатре пронајдена уште една неексплодирана бомба/ВИДЕО

463
screenshot Kosovo Online

Силна експлозија го потресе центарот на Звечан синоќа во зградата во која порано се наоѓала Поштенската штедилница. Повредени нема, но од детонацијата е скршено стаклото од излогот.

Според жителите на Звечан кои живеат во околните згради, се слушнала експлозија, а кога полицијата пристигнала на лице место било утврдено дека во зградата има уште една бомба која не експлодирала.

Тие за Косово онлајн изјавија дека екипа за деминирање од Приштина пристигнала неколку часа по полноќ и експлозивната направа била отстранета.

Заменик-директорот на косовската полиција за северниот регион, Ветон Елшани за Радио Слободна Европа изјави дека нема повредени, но дека е причинета материјална штета.

На овој објект минатата недела бил поставен знакот на Поштата на Косово во Звечан. До мај 2024 година, во него функционирала Банка на Поштенската штедилница, која работела во рамки на системот на Србија.

ИЗДВОЕНИ