Службата за безбедност на Украина отпочна кривична постапка по денешната експлозија во зградата на полицијата во Одеската област, која ја квалификуваше како обид за терорстички напад, соопшти одделението на СБУ во Одеската област на фејсбук, објави babel, пренeсе „Политика“.
Експлозијата, според истррагата, се случила денеска околу 18 часот откако жена влегла во полициската станица со пакет за кој според првичните податоци, се верува дека содржел експлозив.
„Жената погинала, а со полесни повреди се здобиле тројца полицајци. Ним ум е пружена медицинска помош. СБУ врши увид“, наведе Службата.
Во соопштението се додава дека во соработка со Националната полиција се преземаат сеопфатни мерки на утврдување на сите околности на експлозијата и лицата вмешани во овој инцидент.
Предкрвиичната истрага се води поради сомневање на кривичмно дело „терористички акт“.
Во зградата на полицијата во Биљаевка во Одеската област денеска се случила експлозија, во која една жена загина, пренесоа украинските медиуми.