ЕКСПЛОЗИЈА ВО ТЕРМОЕЛЕКТРАНА ВО РУСИЈА: 18 повредени, тројца исчезнати/ВИДЕО

167

Во градот Шагонар, во руската република Тува, дошло до експлозија во делот за снабдување со топлина, по што пожарот ја зафатил термоцентралата Шаронарска, се наведува на официјалната страница на областа Улуг-Кем на руската социјална мрежа ВКонтакте.

Во моментот на експлозијата во термоцентралата работеле 21 лице, а лидерот на Република Тува, Владислав Ховалиг, соопшти дека 18 лица се хоспитализирани.

Шест лица се во тешка состојба, а девет работници се здобиле со полесни повреди. Состојбата на уште три лица е задоволителна, додека потрагата по три лица се уште трае. Сите повредени моментално се во републичките болници во Кизил“, рече Ховалиг.

Пожарот кој избувнал во зградата е локализиран и е ставен под контрола.

Не се пријавени смртни случаи, а причината за несреќата допрва ќе се утврдува, рече Ховалиг.