ЕКСПЛОЗИЈА ВО ЦЕТИЊЕ! Убиени двајца членови на криминален клан?

148

Две лица загинаа, а неколкумина се повредени утрово во експлозија на бомба во Цетиње, недалеку од тамошниот Спортски центар, неофицијално соопштија за „Вијести“ од полициската управа.

Полициската управа соопшти дека сите расположливи полициски екипи се на терен.

Во тек е истрага.

Според неофицијални информации на „Вијести“, жртвата била член на криминалниот клан Шкалјар. Извор од врвот на Полициската управа за „Вијести“ изјави дека подоцна на повредите им подлегнало уште едно лице, член на истата организирана криминална група.

Од силината на експлозијата искршени се стаклата на зградата на Спортскиот центар и откорнато дрво.