Експлозија на вкусови за само 12 минути: Брз и сочен ручек за семејството, може да се експериментира со различни филови

23

Рецептот што ви го носиме може да се дополни и да вклучи различни филови. Можете да експериментирате со него додека сакате, основата е секогаш иста.

Нема да ви требаат повеќе од 12 минути за да подготвите оброк.

Состојки:
3 големи компири
6 парчиња сланина
100 гр чедар сирење
6 јајца
2 лажици сечкан кромид

Подготовка:
Излупете ги компирите, па пресечете го секој на половина по ширина. Ако имате нови компири, не треба да ги лупите. Издлабете го на пошироката страна, а на спротивната страна израмнете го за да може да стои издлабената корпа.

Внимавајте да не го продупчите дното на корпата. Додека шупувате, ставете го во вода за да не ја промени бојата. Исцедете ги и наредете ги корпите на плехот со отворот свртен надолу.

Завиткајте парче сланина околу секој издлабен компир и прицврстете го со чепкалка за заби. Печете 45 минути на 200 степени додека сланината не стане крцкава.

Кога малку ќе се олади, на дното на компирот ставете чедар, а врз секоја корпа ставете по едно јајце.

Одозгора посипете кромид и печете 6 до 12 минути на 180 степени.

ИЗДВОЕНИ