Експлозија кај рускиот конзулат во Марсеј/ФОТО

38

Експлозија утрово се случи во францускиот град Марсеј во близина на рускиот конзулат. Пожарникарите потврдија дека имало експлозија во 8-миот арондисман.

„Експлозијата се случи во близина на рускиот конзулат во Марсеј околу 8 часот наутро“, соопштија пожарникарите.

На терен се околу 30 пожарникари и бројни полицајци. Засега не е позната причината за експлозијата, ниту пак дали има повредени.

ИЗДВОЕНИ