Кафето достигна највисока цена во историјата на светскиот пазар на суровини. Цената на кафето Арабика надмина 3,44 долари за фунта (0,45 килограми), што претставува скок за повеќе од 80 отсто оваа година. Соборен е последниот рекорд на цената на кафето, поставен во 1977 година.
Љубителите на кафе наскоро може да се соочат со зголемување на цената на нивниот омилен пијалок, бидејќи кафето ја достигна највисоката цена во последните 47 години на меѓународниот пазар на суровини.
Компаниите кои што работат со преработка и продажба на кафе се соочуваат со зголемени трошоци, кои неизбежно влијаат на цената на готовите производи.
Растот на цените на кафето, предизвикан од екстремни временски услови во клучни производни региони како Бразил и Виетнам, значително ја зголеми цената на кафето во целокупната индустрија.
Производството на кафе се мачи веќе три години поради екстремните временски услови, што ги исцрпува глобалните залихи. Во Бразил, силната суша проследена со недоволни врнежи го попречи растот на кафето арабика, познато по неговата употреба во врвни мешавини. Виетнам, главен производител на зрна робуста за инстант кафе, се соочи со слична шема на суша и обилни дождови, што го загрозува производството на земјоделски култури. Експертите предвидуваат дека жетвата на арабика во Бразил може да падне за над 10%, додека родот робуста во Виетнам може да се намали до 10% до крајот на 2025 година.