Ексклузивно на 21, 22 и 23 февруари во хотелот „Александар палас“ – „Саем за венчаници и венчавки 2025“

67

Традиционално ќе се одржи модна ревија, на која популарни личности од Македонија и од различни професии гордо ќе „прошетаат“ по свечената модна писта!

Само еден е таков многу важен и многу весел ден во животот кога треба да се биде најсвечено облечен и како невеста и како младоженец. А тоа е кога се венчавате, кога треба да заблескате, се разбира пред сè припадничките на понежниот пол. Се најавува раскошен и специфичен модно-музички спектакл! За девојките тоа е венчаницата, нешто што останува како драг спомен за цел живот.
Токму затоа и постои тој специјализиран „Саем за венчаници и венчавки“, кој во Скопје оваа година ќе се одржи наскоро, поточно на 21, 22 и 23 февруари. Тие три дена изборот на венчаниците навистина ќе биде многу голем. И тоа во луксузниот хотел „Александар палас“. Сите оние кои ќе дојдат на Саемот ќе ја имаат можноста да уживаат во ексклузивни модни ревии, илјадници нови модели на венчаници и машки костуми, како и во свечените понуди на најдобрите македонски и светски свадбени професионалци.

Саемот ќе биде збогатен и со добрата музика, за која со својот настап и со своите хитови ќе се погрижи познатата поп-пејачка Елена Ристовска. Нејзиниот концерт ќе биде проследен и со звуците на гудачкиот камерен оркестар на Пламенка Трајковска.
Традиционално ќе присуствуваме и на модната ревија, на која популарните личности од Македонија и од различни професии гордо ќе „прошетаат“на свечената модна писта. Екслузивноста е во тоа што познатите жени ќе бидат облечени во венчаници, а познатите мажи во вечерни костуми.  Д.М. фото:ФБ

ИЗДВОЕНИ