Екопатролата изготви 16 записници за непрописно фрлање градежен отпад

7

Во периодот од 16 до 20 септември 2024 година, екопатролата на јавното претпријатие Комунална Хигиена изготвила вкупно 16 едукативно-информативни записници за граѓани и за правни субјекти затечени при непрописно фрлање големи количини градежен отпад на јавни површини во скопските општини Центар, Гази Баба, Чаир, Карпош, Кисела Вода и Аеродром.

Воедно, од претпријатието известуваат дека во текот на изминатото деноноќие биле отстранети повеќе диви депонии лоцирани на улиците: „Војвода Васил Чакаларов“ во Општината Карпош и „Цветан Димов“ во Општината Чаир, како и на булеварот „Партизански одреди“ во Општината Центар.