Економскиот подем на Калифонија, стана четврта во светот по БДП, откако ја престигна Јапонија

22

Според последните податоци на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), економијата на американската сојузна држава Калифорнија е на четвртото место во светот според бруто домашниот производ (БДП).

По објавувањето на овие резултати, Калифорнија ја надмина јапонската економија и е зад САД, Кина и Германија.

ММФ го процени јапонскиот БДП на 4,02 трилиони долари во 2024 година, додека БДП-то на Калифорнија за истата година изнесува 4,1 трилиони долари според податоците на БЕА. Според ова, Калифорнија се наоѓа на четвртото место на глобално ниво, зад Соединетите Американски Држави, Кина и Германија.

„Калифорнија не само што е во чекор со светот – ние го поставуваме темпото“, изјави гувернерот Гевин Њусом, демократ, во изјавата во средата.

Економијата на Калифорнија, која зависи од увозот, ќе биде многу погодена од реципрочните царини што ги воведе американскиот претседател Доналд Трамп.

Затоа гувернерот Гевин Њусом е меѓу државните функционери кои беа најгласни во спротивставувањето на потезите на Трамп за зголемување на царините.

Гувернерот остро ги критикуваше царините на Трамп на „Денот на ослободувањето“ на 2 април, кога претседателот најави „реципрочни“ увозни даноци за другите земји, како додаток на основниот данок од 10 проценти за целиот глобален увоз. Оттогаш, реципрочните царини во голема мера се во мирување, со забележителен исклучок на Кина.

ИЗДВОЕНИ