Економист: Избори во Украина веќе летово, Зеленски кандидат за втор мандат

45

Претседателските избори во Украина би можеле да се одржат уште ова лето, а актуелниот претседател Володимир Зеленски има намера да се кандидира за втор мандат, пишува британски „Економист“, повикувајќи се на извори во украинската влада.

Според неименувани извори, Зеленски свикал состанок минатата недела за да му наложи на неговиот тим да организира гласање по целосниот прекин на огнот, за кој Американците веруваат дека може да се спроведе до крајот на април.

Весникот го наведува Велигден, 20-ти април, како веројатен датум за прекин на огнот.

ИЗДВОЕНИ