На Градскиот плоштад во Кавадарци, во 11 часот утре ќе се одржи маскенбал со еколошка тематика во чест на 22 Април – Меѓународниот ден на планетата Земја.
Настанот е наменет за учениците/децата, кои преку креативни костими инспирирани од природата, животинскиот и растителниот свет, обновливи извори, или преку употреба на рециклирани материјали, ќе испратат силна порака за заштита на нашата планета.
-Очекуваме да сведочиме на оригинални изработки, еко-креативност и подготвеност за активно учество во изградбата на поодржливо утре – соопштија од Општина Кавадарци.
Оттаму додаваат дека настанот ќе биде од хуманитарен карактер со цел собирање средства за двете сограѓанки Бела и Теодора.
Сите кои што ќе сакаат ќе можат да донираат финансиски средства во кутиите кои што ќе бидат поставени на Градскиот плоштад.