Еколошки криминал: Уапсени 29 лица кои се занимавале со нелегално производство на пестициди

55

Полицијата на Франција и Шпанија со поддршка на Европол уапси 29 членови на криминална организација која се занимавала со нелегално производство на препарати за заштита на растенијата.

Истрагата открила дека оваа криминална организација продала 25 тони од овие производи, пред се во Франција, се наведува на сајтот на Европол. Истражителите проценуваат дека осомничените од своите незаконски активности заработиле над пет милиони евра.

Членовите на оваа криминална група се занимавале со еколошки криминал, перење пари и измами со фалсификувани документи. Тие ги експлоатираа деловните структури и од 2020 година го координираа синџирот на снабдување со нелегални производи за заштита на растенијата во Италија, Португалија и Шпанија.

Според соопштението на Европол, истрагата ја водела шпанската полиција, пренесува Танјуг.

ИЗДВОЕНИ