На брегот во Анапа е пронајдено тело на делфин, кој починал поради излевање мазут од два танкери кои потонале во теснецот Керч.
Научниот и еколошки центар за спас на делфини соопшти дека се работи за женка делфин, пренесе Инфо24.
Волонтерите потврдија дека делфините кои јадат отровни риби се изложени на интоксикација, изгореници на кожата и мукозните мембрани, а токсините може да доведат и до долгорочни здравствени проблеми.
Научниците предупредуваат дека еколошките последици од излевањето на мазутот ќе бидат огромни. Според нивните проценки, најтешко ќе бидат погодени птиците, рибите, школките и планктонот, бидејќи сите дошле во директен контакт со токсични нафтени продукти.
Рускиот претседател Владимир Путин, зборувајќи за инцидентот на 19 декември, го нарече истекувањето на мазутот „еколошка катастрофа“ и изрази загриженост за сериозните последици за морскиот екосистем.