Еколошка катастрофа на Хвар: Пукна цевка, 17 тони нафта се излеаа во морето/ВИДЕО

49
Printscreen/Youtube/Dalmacija Danas

Во градот Хвар утрово пукнала цевка при што нафтата се излеала во морето, каде наводно завршиле 17 тони нафта.

Сите служби за итни случаи се на терен, а овој еколошки инцидент го потврди и Сплитско-Далматинската полиција за загрепски Вечерњи лист.

„Утринава околу 09:30 часот е добиена информација дека има загадување од нафта во градот Хвар, заливот Крижна Лука. На терен се вработените во Полициската станица Хвар и Поморската полициска станица, пожарникари, ХГС С и вработени во Капетанијата на пристаништата“, соопштија од ПУ Сплит-Далмација.

Но, не се наведува причината за пукањето и дали се работи за цевка од хрватска ИНА.

Исто така, се додава дека покрај санирање на последиците, ќе се спроведе постапка за утврдување на околностите околу овој еколошки инцидент, јавува Танјуг.

ИЗДВОЕНИ