Компанијата „Тексомак“, во соработка со Општина Аеродром, организира екоакција за собирање текстилен отпад.
Првиот дел од оваа акција за собирање текстилен отпад започнува утре. Ќе бидат поставени контејнери во Општината, во текот на наредниот период, со цел секој ден граѓаните да може да го остават текстилниот отпад на следниве локации: ООУ „Лазо Ангеловски“, ЈДГОА „Срничка“, ООУ „Љубен Лапе“, ЈУДГ „Бубамара“, ООУ „Браќа Миладиновци“ и зад „Капитол мол” (пред влезот на „Рамстор“).
– Соберете го и спакувајте го вашиот текстилен отпад во пластични ќеси, со цел да не се оштети и оставете ги во контејнерите – порачуваат од Општина Аеродром.
Оттаму додаваат дека следниот чекор е едукација по училиштата и градинките, која ќе се одвива во текот на пролетта, а датумите ќе бидат дополнително објавени.
– Придружете ни се во одржувањето чиста животна средина и здрава околина за сегашните и за идните генерации – повикуваат од локалната самоуправа.