ЕКО СРЕДА, ШТО АКО…? Мојот мал Бруклин

127

Американецот рече: „Тоа е исто како Бруклин“. Не знаев што сакаше да каже со тоа, затоа што не сум бил во Бруклин и луѓето што живеат овде дефинитивно не се од Њујорк.

Да, овде отсекогаш било многу фреквентно – има некоја посебна магија на таа улица што е заштитена со некои од најстарите дрвореди на Американски сикамор на Балканот, богата со историја и уште побогат со живописен уличен живот. Мали продавнички за храна, еднадодруга, – како огромен пазар или трговски центар на отворено со сите вкусови што можете да ги замислите. Секоја продавница има свои специјалитети. Ако сте во потрага по интересни нешта, тогаш мора да дојдете тука – и лесно ќе заборавите на сè останато.

Секако, мора да бидете внимателни – бидејќи локалната самоуправа го прогласи целиот дел за пешачка зона и ги забрани сите возила со исклучок на една лента за јавниот транспорт (еко-електричен трамвај). Да се создаде толку голема пешачка зона помеѓу Старата чаршија, Бит чаршија и Чаир беше можно само затоа што се пренасочи сообраќајот околу овој дел од градот.

Всушност, пешачката зона е многу поголема: целиот внатрешен дел помеѓу хотелот „Холидеј ин“, познатото „Беко“, Главната пошта, Старата чаршија сè до Чаир е целосно ослободен од автомобили. Секако, ако поседувате стан или куќа во пешачката зона и можете да докажете дека имате ексклузивен паркинг за вашето возило, тогаш можете да аплицирате за посебна дозвола за влез во овој простор што е заклучен со електрични столпчиња.

За сите други автомобили градот инвестираше во големи паркинг, гаражи изградени на периферијата и овие инвестиции навистина се исплатија. Кога доаѓате од некаде надвор од Скопје, само паркирате таму и во цената на паркинг билетот е вклучено користењето на целиот јавен превоз. На јавниот транспортен круг околу центарот на градот е инсталиран воз што вози 24 часа во интервали од 10 до 15 минути, и ве носи до станици што се оддалечени 7 минути максимално пешачење од центарот на градот. Ако треба да одите на неколку места, можете да изнајмите и електричен тротинет за да шетате наоколу и бидејќи веќе нема сообраќај, сега е многу безбедно за сите.

Но, секако, сепак треба да внимавате на децата кои и таму „збеснуваат“ со нивните велосипеди и електрични тротинети, но што можете да направите – ние сè уште сме во срцето на Балканот и тука велиме: „Снајди се, па живеј“ .

Но, тука во Чаир многу нешта се променија на подобро: многу од веќе постојните згради и куќи се приспособија во мали мотели, хостели и хотели – секој направен во посебен карактер. Некои од нив потсетуваат на ориентални замоци, некои од нив се со „шмекот“ на 1990-тите, но секој од нив е уникатен и направен со многу грижа за деталите.

Некои од нив нудат отворени дворови, со поставени маси и столови, но достапни за секој на кој му треба краток момент мир откако ќе дојде од големата чаршија или едноставно ќе го преживее позитивниот и вибрирачки хаос на улицата „Цветан Димов“. Овде, на пријатни места, со сенка под дрвјата се продаваат чај, кафе и најслатките ориентални десерти на Балканот. Некои од тие специјалитети се достапни само овде и никаде на друго место во земјата – како што е познатата „Чаир Тулумба“ – натопена во шербет, неверојатно мека внатре и чудесно крцкава однадвор. Само боговите на чаирските пекари знаат за тајните рецепти што се најдобро чуваните тајни на Скопје пренесувани од генерација на генерација повеќе од 500 години. Секоја пекара има свој став за овој специјалитет или е направена на автентичен начин – некои се збогатени со цимет и домашни овошни сирупи, некои се сосема традиционални, некои додаваат карамела, ванила, па дури и сладолед во мешавината. Ако сакате да ги пробате сите варијации на „Чаир тулумба“, ќе ви одземе половина живот и многу непријатни разговори со вашиот лекар. Но, токму оваа динамика помеѓу ризикот и уживањето привлекува туристи од целиот свет. Не само Европејци, туку и Азијци од Индија до Јапонија, па дури и Американци од север кон југ може да се видат постојано раздвижени.

Морам да кажам дека не сум особено среќен што големите маси туристи го преплавуваат нашиот мал „Бруклин“, но бидејќи местата за сместување во локалните хотели се многу ограничени, севкупниот број на туристи исто така се управува на прифатлив начин. Добро е што овде и во други историски места во Скопје долго време е забрането да се гради. Дозволено е само прилагодување, реновирање и подобрување на веќе постојните згради. Тоа води кон сосема нов пристап за архитектите, како и за градежните инженери: зачувајте го она што е добро, а ако не е – тогаш сменете го во нешто што е навистина добро.

А, колку овие туристи ги сакаат мали продавници! Особено занаетчиите, специјализирани за традиционален накит, музички инструменти, метални чинии и садови од глина и бакар, светилки и секаков вид украсни работи. Пред неколку години сите овие беа вештини во умирање, но во последните години тие повторно почнаа да цветаат. Младите се заинтересираа да научат стари занаети и вештини и почнаа да ги комбинираат со модерната технологија како што се 3Д принтери, 3Д моделирање, а некои од нив дури и имплементираа виртуелна или проширена реалност за да ги продаваат своите производи на младата техно-генерација.

Последен пат сакав да купам нараквица за мојата девојка, но не бев сигурен која боја на накит ќе одговара на нејзините очи и на нејзината кожа. Така отидов во таа продавница и им дадов фотографија од неа. Неколку моменти подоцна, тие создадоа виртуелна 3Д верзија на мојата девојка и преку проширена реалност испробавме неколку различни парчиња накит додека нè ја најдовме совршена комбинација на форма и материјали, што најдобро ќе одговараат на неа и нејзиниот стил. Можам само да ви кажам дека ова беше најдобриот роденденски подарок за неа досега – а на крајот и за мене 🙂

Секако, некои продавници продаваат и евтини работи увезени од Кина, но искрено, тие веќе и не се толку популарни. Иако ги продаваат своите пластични ламби и алишта „Balkans-look-а-like“ за смешни цени. Очигледно успехот нè доаѓа со продавање евтини нешта, туку со негување на квалитетот, знаењето и вложувањето на љубовта во изработката на сите тие и фустани, саксии, накит и други украсни работи. Луѓето сакаат да го имаат вистинското и затоа дошле тука. Сакаат да искусат нешто што одамна исчезнало од нивните домови, затоа што не се осмелиле да го зачуваат она што навистина е важно: локалниот идентитет – оригиналност – ирационалност – да се остане човек на крајот на краиштата – и да се биде различен.

За среќа, во еден момент, локалните власти заедно со граѓаните на Чаир го сфатија тоа и го сменија ова место во едно од најпопуларните места на целиот Балкан.

Среќен сум што сум роден овде и бев сведок на оваа транзиција и како таа заврши – никогаш не би го променил мојот дом за ниедно друго место на овој свет затоа што го сакам мојот мал Бруклин – и целиот свет го сака Чаир.

 

ИЗДВОЕНИ