Еко-патролата на терен – изготвени 22 едукативно-информативни записници минатата недела

12

Еко-патролата на јавното претпријатие Комунална Хигиена, минатата недела изготвила вкупно 22 едукативно-информативни записници за граѓани и правни субјекти затекнати при непрописно одлагање отпад на јавни и сообраќајни површини во скопските општини Центар, Карпош, Гази Баба, Чаир и Бутел.

-ЈП Комунална Хигиена повторно на терен ги активираше и
интервентните еко-патроли коишто реализираат деноноќни дежурства на т.н. „црни точки“, односно локациите каде што е забележано континуирано непрописно одлагање отпад – потенцираат од претпријатието.

Во рамките на интервенциите на еко-патролата во изминатите седум дена од страна на сторителите биле отстранети вкупно 57 кубни метри непрописно одложен претежно градежен и кабаст отпад.