Екипи на МВР и ренџерската служба на НП Маврово и локални жители се обидуваат да извлечат две лица од Мавровско Езеро. Според првичните сознанија тие претпладнево со чамец се движеле низ езерото и во еден момент налет на ветер им го превртел пловилото и тие се нашле во водата.
Тие најверојатно успеале да се одржат на површината и се држат за чамецот и почнале да бараат помош. Нивното извлекување е отежнато заради неповолните услови, кои ги создаваат брановите и ветерот. Од полицијата потврдија дека повик за помош е примен и дека е организирана акција.
Од ЦУК информираа дека е побарана хеликоптерска поддршка и помош од полициските специјалци и веќе се упатени на местото.
Акцијата за спасување е во тек. Лицата се без облека во горниот дел, а има силен ветер и времето е студено бидејќи се работи за отворен простор.