ЕК ќе предложи царински противмерки во износ под 26 милијарди евра

29

Европската комисија, земајќи ги предвид забелешките на земјите-членки, ќе предложи противмерки во вредност од помалку од 26 милијарди евра, колку што се американските царини за увоз на челик и алуминиум од Европскат унија, изјави во понеделник еврокомесарот за трговија Марош Шечфович.

„Што се однесува до челикот, алуминиумот и дериватите, станува збор за 26 милијарди евра. Вечерва ќе го финализираме списокот на мерки, но можам да ви кажам дека нема да достигнат 26 милијарди, откако ќе ги земеме предвид забелешките на земјите-членки“, рече Шечфович по состанокот на министрите за трговија на земјите-членки за трговските односи со САД и со Кина.

Комисијата се обидува да обезбеди товарот на противмерките што има намера да ги воведе да биде рамномерно распределен меѓу земјите-членки, бидејќи не сите членки се подеднакво зависни од трговијата со американскиот пазар.

„Сакавме да обезбедиме товарот да биде правично распределен меѓу сите земји-членки“, рече Шефчович.

Предлогот за противмерките ќе се гласа во среда. Одлуката се носи во рамките на таканаречена потапка на комитологија, што во практиката значи дека Комисијата може да донесе одлука доколку на неа не се спротивстави квалификувано мнозинство (55 отсто од земјите-членки кои претставуваат најмалку 65 отсто од вкупното население на ЕУ). Во случај да нема квалификувано мнозинство ниту за, ниту против предлогот, Комисијата може самостојно да донесе одлука.

ИЗДВОЕНИ