ЕК: „Гугл“ и „Епл“ ги прекршуваат дигиталните правила на ЕУ

28

Европската комисија (ЕК) денеска обвини дека американските технолошки компании Гугл и Епл ги прекршуваат нејзините дигитални правила.

Според „Гардијан“, ЕК покренала мерки против „Епл“ и „Алфабет“ (матичната компанија на „Гугл“), две од петте најголеми компании во светот според вредноста на берзата, обвинувајќи ги за прекршување на Законот за дигитални пазари на ЕУ (ДМА).

Прекршувањето на гореспоменатиот закон може да резултира со казнување на компаниите со 10 отсто од нивниот светски приход или 20 отсто доколку сторат повторен прекршок.

Комисијата соопшти дека зазеде прелиминарен став дека пребарувачот на „Гугл“ дава приоритет на резултатите што укажуваат на сопствените услуги на Alphabet во однос на оние на ривалите, што го прекршува барањето да се третираат услугите од трети страни на „транспарентен, фер и недискриминаторски начин“.

Исто така, беше кажано дека „Гугл плеј“ (Google Play), продавницата за апликации на компанијата, ги спречува програмерите да ги насочуваат потрошувачите на други канали каде што може да има подобри зделки.

 

Комисијата ѝ кажа на „Епл“ (Apple) дека мора да ги стави своите оперативни системи достапни за уредите на конкурентите, како што се паметните телефони и безжичните слушалки, или ќе се соочи со истраги и казни, пренесува Танјуг.

ИЗДВОЕНИ