Ракометната федерација на Македонија (РФМ) извести дека барала одложување на мечот меѓу Словенија и Македонија во рамки на квалификациите на Европското првенство (ЕП), но не добила зелено светло.
РФМ стапила во контакт со официјални лица од Европската ракометна федерација и поради трагедијата во Кочани во која загинаа многу лица побара одложување на натпреварот во Копер. Но, истото не било одобрено.
Според ЕХФ-регулативите доколку некоја од репрезентатициите не одигра натпревар, ќе биде исклучена од квалификациите, нејзините резултати ќе се избришат, федерацијата ќе добие казна од 35.000 евра, а ќе мора да се платат и сите трошоци на организаторот.
Натпреварот меѓу Словенија и Македонија ќе се игра и ќе започне со минута молк.