Кошаркарите на Анадолу Ефес го совладаа Реал Мадрид со 79:73 на домашен терен во Истанбул, во рамки на 25. коло од Евролигата. Турскиот тим го предводеше Елајџа Брајант со 21 поен и шест скока, Винсент Поарие постигна 15 поени и осум скока, а Дариус Томпсон имаше 12 поени и пет асистенции. Марио Хезоња беше најефикасен кај Реал Мадрид со 18 поени и пет скока.

Ефес сега има 12 победи и 13 порази, а Реал 13 победи и 12 порази.

Актуелниот шампион Панатинаикос, пак, ја прекина серијата од 12 победи на Фенербахче во сите конкуренции, откако на домашен терен славеше со 91:90.

ИЗДВОЕНИ