Ефективниот притвор за двајца поранешни градоначалници на Кочани заменет со куќен притвор

87

Постапувајќи по поднесени жалби од вкупно 17 осомничени, Основниот суд Кочани ги одби жалбите на 14 лица и ја потврди мерката притвор.

„За 3 лица мерката ефективен ја замени со куќен притвор. За двајца од нив, поранешни градоначалници на Кочани, ОЈО Кочани вложи жалба пред Апелацискиот суд Штип и побара да опстои мерката ефективен притвор“, велат од Обвинителството.

Во куќен притвор одат Ратко Димитровски и Николчо Илиjев, како и поранешната директорка на Државниот пазарен инспекторат, Анета Симеска -Димоска.

Во пожарот кој се случи на 16 март годинава во дискотеката Пулс во Кочани загинаа 59 млади луѓе, а има и голем број повредени.

ИЗДВОЕНИ