
Најдобриот тенисер на денешницата, Србинот Новак Ѓоковиќ, не можеше да ги контролира емоциите за време на тренингот во Мадрид. Тој жестоко пцуеше на српски јазик, веднаш до Енди Мареј, кој стоеше до него.
Фановите не се навикнати да го слушаат српскиот ас како пцуе, особено не пред почетокот на турнирот и пред првиот одигран натпревар. Сето ова се случи на тренинг со Артуро Филс на мадридската земја.
„Е**м ти спорт и тенис“, извика Ѓоковиќ на српски покрај Енди, а која била причината за тоа и што го нервирало, сè уште е непознато. Без разлика дали станува збор само за поен или за нешто друго, можеби Новак ќе го открие тоа на една од медиумските конференции.
Она што исто така засега не е познато кој ќе му биде ривал на почетокот од натпреварувањето, односно со кого ќе излезе на теренот во сабота. Ќе биде подобриот од натпреварот помеѓу Матео Арналди и Борна Ќориќ.
Шпанецот Карлос Алкараз се откажа, што значи дека нема да има ништо од потенцијалното полуфинално дерби помеѓу Новак и Карлос. Српскиот ас ќе има долг пат до таму, бидејќи прво ги чека своите ривали, Арналди или Ќориќ, а потоа Себастијан Баез/Томас Белучи, додека негови потенцијални ривали во осминафиналето се Уго Умбер/Франсес Тиафо. Негов ривал во четвртфиналето би можел да биде еден од носителите на титулата, Џек Дрејпер/Томи Пол/Матео Беретини, а сега во полуфиналето, можни се ривали како Алекс Де Мајнор и Григор Димитров. Наместо Алкараз, долета „среќниот губитник“ од Полска, Камил Мајчаржак. Во вториот дел од ждрепката се: Саша Зверев, Холгер Руне, Тејлор Фриц, Андреј Рубљов…