Поранешниот водител на вестите на Би-Би-Си, Хју Едвардс, пред судот во Лондон се изјасни за виновен по три точки од обвинението за правење непристојни слики на деца.

Тој признал дека поседува 41 слика на деца, кои му ги испратил друг неименуван маж преку мрежата „WhatsApp“, објави „Би-Би-Си“.

Обвинителот Иан Хоуп рече дека сликите биле испратени помеѓу декември 2020 и август 2021 година.

Хоуп додаде дека седум од 41 снимка се од најсериозен тип и дека две од седум се порно снимки на дете за кое се верува дека има меѓу седум и девет години.

Едвардс беше уапсен во ноември минатата година, а обвинението против него беше покренато во јуни. Тој ќе биде осуден на 16 септември.