Едукативна кампања за нула отпад од 17 до 27 март

38

Едукативна кампања за нула отпад ќе се спроведе во Демир Капија, од 17 до 27 март, информираа од Општина Демир Капија.

Настанот е во организација на Општината и на општинскиот Совет за социјална заштита.

– Целта е преку едукација на младите, до помалку отпад. Да создадеме генерации што ќе знаат како да го чуваат, заштитат и да го унапредат екосистемот во кој живееме. Како мисли и како постапува еден поединец, зависи од тоа во каква личност се оформил уште од детството. Ако успеавме во изминатите месеци да редуцираме дел од отпадот, тогаш сега е време да се направи поделба кој дел од другиот отпад може повторно да се употреби, а кој може да се рециклира – соопштија од локалната самоуправа. 

Притоа, појаснија дека кампањата опфаќа акција за собирање електронски отпад – „Врати отпадок, добиј подарок“, екоакција за собирање  стакло –„Време е за селектирање стакло“, како и акција за собирање текстилен отпад – „Дај му нов живот на текстилот”.

 – Ѓубре е само она што ќе дозволиме да заврши како ѓубре, сè друго е ресурс. Да внесеме екокултура во домовите. Време е за акција. Придружи се кон одржлива иднина! – порачаа од Општина Демир Капија. 

ИЗДВОЕНИ