Владата на Србија го прифати предлогот на премиерот Милош Вучевиќ на денешната седница, на која присуствува и претседателот Александар Вучиќ, на дневниот ред да има две точки – информации за актуелната политичко-безбедносна ситуација во Србија и регионот и прогласување ден на жалост за вторник, 18 март, поради трагедијата во Северна Македонија.
Српскиот претседател Александар Вучиќ на седница на Владата на Србија изјави дека Србија ќе и пружи брза, силна и сеопфатна помош на Македонија поради несреќата предизвикана од пожар во дискотека во Кочани, во која рано утринава загинаа 59 лица, а 155 беа повредени. Вучиќ рече дека Србија ќе ги стави на располагање сите полициски, воени и здравствени капацитети за да и помогне на Македонија.