Според распишаниот јавен повик од Општина Центар, еднократна парична помош ќе добијат пензионери со старосна, семејна, инвалидска или со социјална пензија не повисока од 23.758 денари. Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, истакна дека еднократната финансиска помош ќе се доделува според принципот „прв дојден – прв услужен“, сè до исцрпување на средствата предвидени за таа намена
Пензионерите во социјален ризик и приматели на социјална помош од Центар трета година по ред ќе добијат еднократна парична помош од 2.500, од Општината.
Според распишаниот јавен повик од Општина Центар, еднократна парична помош ќе добијат пензионерите со старосна, семејна, инвалидска или со социјална пензија не повисока од 23.758 денари.
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, истакна дека еднократната финансиска помош ќе се доделува според принципот „прв дојден – прв услужен“, сè до исцрпување на средствата предвидени за таа намена.
Тој ги повикува сите пензионери што ги исполнуваат условите, да го искористат ова право и да си го олеснат секојдневието, особено во период кога се предвидуваат поголеми семејни трошоци поради претстојните празници.
– Сметаме дека секоја поддршка е значајна и може да придонесе за подобрување на животниот стандард на нашите повозрасни сограѓани – потенцираше Герасимовски.
Исплатата ќе се изврши директно на трансакциските сметки на барателите и ќе биде реализирана до крајот на тековната година.
Јавниот повик важи до 29.11.2024 година.