Со цел поддршка на младите претприемачи со доделување на еднократна финансиска парична помош. За таа цел објави и јавен повик, согласно Програмата за финансиска поддршка на целни групи граѓани, млади претприемачи чиј бизнис е со седиште на територија на Општина Илинден.
Износот кој Општина Илинден го доделува како финансиска помош за младите претприемачи е во висина од 6.000 денари. Исплатата ќе се врши сукцесивно, според редот на пристигнати барања, се до исполнување на предвидениот буџет за оваа намена.
Барањата од јавниот повик ќе бидат разгледувани по редослед според датумот и времето на пристигнување.
Право на учество на јавниот повик има секое полнолетно лице со навршени најмногу 34 години живот кое ќе регистрира трговско друштво согласно закон во Централен регистар за трговски друштва и други правни лица во календарската 2025 година со седиште на територија на општина Илинден.
Времетраењето на јавниот повик е шест месеци од 03.02.2025 година до 31.07.2025 година.
За сите дополнителни информации заинтересираните граѓани можат да се информираат директно во просториите на Општина Илинден или на официјалната веб страница ilinden.gov.mk.