Едно лице настрада, три се повредени при уривањето на трикатница во Хаг

134
Фото:принтскрин

Едно лице настрада, три се повредени, а се уште не е познато колку луѓе се затрупани под урнатините откако утрово се урна зграда во Хаг по експлозија и пожар, изјави градоначалникот на холандската престолнина Јан ван Заанен.

Тој на прес-конференцијата изјави дека се верува дека останатите исчезнати се затрупани под урнатините.

„Шансите да се најдат живи се многу мали“, рече Ван Занен.

Холандскиот премиер Дик Шуф ​​изјави дека е шокиран од веста и им понуди помош на локалните власти.

Причината за несреќата која се случила утринава околу шест часот по локално време не е позната, а според Ван Занен најпрво одекнала помала експлозија, а потоа следувала поголема.

Полицијата ги повика сите очевидци кои виделе автомобил како со голема брзина се оддалечува од местото на несреќата или оние кои имаат видео снимки од настанот да се обратат.

Слики од местото на несреќата се објавени на социјалната мрежа Х, а се направени од блиската висококатница. Тие покажуваат дека дел од зградата, во која имало пет стана, е претворен во урнатини, наведува Ројтерс.

ИЗДВОЕНИ