Една недела пред тригодишнината од војната во Украина човекот на Трамп ќе каже како ќе заврши

146

Во објава на социјалните мрежи во вторникот, Келог напиша дека целта на Трамп да стави крај на крвавата и скапа војна во Украина ќе биде тема во Минхен. Тој додаде дека таму ќе се сретне со американските сојузници кои се подготвени да соработуваат со нив. Според Радио Слободна Европа, планот на Трамп би можел да вклучи замрзнување на конфликтот и оставање на териториите окупирани од Русија „во привремен статус“, додека Украина би добила безбедносни гаранции за да не може Москва повторно да ја нападне. Но, не е јасно како би изгледале тие гаранции.

 

Следната недела би требало да се дознае како мисли американскиот претседател Доналд Трамп да донесе мир во Украина. На минхенската безбедносна конференција идната недела САД ќе претстават план за решавање на украинската криза, пренесе „Блумберг“ повикувајќи се на разузнавачки извори. Но, како што се наведува, изворите одбиле да кажат колку детални ќе бидат разговорите или во кој формат ќе бидат одржани.

„Блумберг“ објави дека специјалниот пратеник на Трамп  за Украина и Русија, Кит Келог ова го потврдил. Келог ќе учествува на безбедносна конференција во Германија и таму ќе ги претстави главните точки на предлогот.

Во објава на социјалните мрежи во вторникот, Келог напиша дека целта на Трамп да стави крај на крвавата и скапа војна во Украина ќе биде тема во Минхен. Тој додаде дека таму ќе се сретне со американските сојузници кои се подготвени да соработуваат со нив.

Трамп за време на кампањата вети дека ќе ја заврши војната за 24 часа, за потоа под влијание на соработниците да се коригира и да каже дека за тоа се потребни неколку месеци.

Конференцијата во Минхен ќе се одржи од 14 до 16 февруари, точно една недела пред да се навршат три години од крвавата војна. По конференцијата се очекува да бидат објавени и детали за планот на Трамп, пишува „Блумберг“.

Според Радио Слободна Европа, планот на Трамп би можел да вклучи замрзнување на конфликтот и оставање на териториите окупирани од Русија „во привремен статус“, додека Украина би добила безбедносни гаранции за да не може Москва повторно да ја нападне. Но, не е јасно како би изгледале тие гаранции.

Келог укажа на тоа дека САД би сакале изборите во Украина да се одржат по прекинот на огнот, додека Трамп претходно навести дека пристапот до украинските минерали во замена за поддршка од САД би можел да биде дел од решението.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во видео обраќање во средата рече дека неговата администрација во последните денови ги интензивирала контактите со Вашингтон во врска со можните мировни преговори.

-Имаме значително интензивирана комуникација со американската администрација. Имаме и многу интензивни разговори со другите партнери. На Украина и треба вистински, траен и гарантиран мир и средства за да се осигура дека Русија секогаш ќе знае што ги чека оние што сакаат да и нанесат штета на Украина. Отворени сме за силна дипломатија и сега подготвуваме токму таква дипломатија, рече тој.

Истовремено и Кремљ објави дека се зачестени контактите со САД. Портпаролот на Путин Дмитриј Песков изјави дека Москва е подготвена за преговори со Киев и покрај тоа што претседателот досега одбиваше да разговара со Зеленски. Како што е познато, тој не го смета Зеленски за легитимен лидер на Украина бидејќи неговиот претседателски мандат официјално истече минатата година.

Келог пред неколку дена предупреди дека двете страни ќе мора да направат отстапки, а во саботата рече дека Зеленски „веќе навести дека ќе ја омекне својата позиција за територијата“, но тој инсистира во преговорите да учествуваат и Европската унија и другите сили.

Како што се приближуваат преговорите, видливо е дека и кај Путин и кај Зеленски омекнува претходното одбивање да се разговара.

ИЗДВОЕНИ