Десеттe придобивки на јаболковиот оцет можете да ги увидите доколку почнете да пиете по една кафена лажичка пред спиење, пренесува nezavisne.com.
1. Третирајте го воспаленото грло со јаболков оцет
Има антибактериско дејство и ќе ја уништи киселата средина. Само проголтајте една лажичка јаболков оцет еден час пред спиење, а потоа уште една, половина час пред спиење. Последната лажичка конзумирајте ја непосредно пред спиење.
2. Ослободете се од непријатниот утрински здив
Јаболковиот оцет ги убива бактериите кои предизвикуваат лош здив.
3. Сузбијте ја желудочната киселина така што ќе помешате лажица јаболков оцет со вода и ќе го пиете овој раствор еден час пред спиење.
4. Подобрете го варењето пиејќи мешавина од мед, лажичка јаболков оцет и вода половина час пред спиење.
5. Високиот шеќер во крвта е најчеста причина за несоница. Јаболковиот оцет ја зголемува чувствителноста на инсулин и го намалува нивото на шеќер во крвта. Непосредно пред да заспиете, испијте две лажички јаболков оцет. Пред да го испробате овој метод, консултирајте се со вашиот лекар, особено ако користите лекови за дијабетес.
6. Болки во стомакот
Истурете една лажичка јаболков оцет во чаша топла вода и добиениот раствор може да го реши проблемот со болки во стомакот.
7. Икањето може да исчезне со помош на горчливиот вкус на јаболков оцет, затоа голтнете лажичка органски јаболков оцет кога ќе ви дојде икање.
8. Доколку сакате да го решите проблемот со алергиите, измешајте една лажичка јаболков оцет во чаша вода и испијте ја оваа смеса непосредно пред спиење.
9. Ако се чувствувате гладни пред спиење, само конзумирајте мешавина од вода и лажичка јаболков оцет наместо висококалорична храна.
10. Сѐ што сте јаделе во текот на денот ќе изгори во текот на ноќта со пијалок со јаболков оцет!
Состојки:
– 2 лажици сечкан магдонос
– голема шолја вода
– малку цимет
– малку јаболков оцет
– лажичка мед
– лажичка ѓумбир
– исцеден сок од лимон
Подготовка:
Оставете ја водата да зоврие, додадете го магдоносот и оставете да се излади. Процедете, па додајте ги другите состојки.
Овој напиток пијте го секоја вечер еден час пред спиење, две недели. Ако сакате да продолжите, направете пауза од најмалку 3 дена и потоа повторете.