Добро ни се познати добрите својства на јаболковиот оцет, но има и такви кои не се толку познати.
Ова се десетте добри својства на јаболковиот оцет кои можете да ги искористите доколку испиете една лажичка пред спиење, а наскоро веројатно ќе ви стане навика, пренесува nezavisne.com.
1. Лекувајте го воспаленото грло со јаболков оцет
Има антибактериско дејство и ќе ја уништи киселата средина. Само проголтајте една лажичка јаболков оцет еден час пред спиење, а потоа уште половина час пред спиење. Последната лажичка конзумирајте ја непосредно пред спиење.
2. Ослободете се од непријатниот утрински здив
Јаболковиот оцет ги убива бактериите и бактериите кои предизвикуваат лош здив.
3. Вратете ја желудочната киселина така што ќе помешате лажица јаболков оцет со вода и ќе го пиете овој раствор еден час пред спиење.
4. Ослободете се од проблемите со варењето пиејќи мешавина од мед, лажичка јаболков оцет и вода половина час пред спиење.
5. Високиот шеќер во крвта е најчеста причина за несоница. Јаболковиот оцет ја зголемува чувствителноста на инсулин и го намалува нивото на шеќер во крвта. Непосредно пред да заспиете, испијте две лажички јаболков оцет. Пред да го испробате овој метод, консултирајте се со вашиот лекар, особено ако земате лекови за дијабетес.
6. Болки во стомакот
Истурете една лажичка јаболков оцет во чаша топла вода и добиениот раствор може да го реши проблемот со болки во стомакот.
7. Икањето може да исчезне со помош на горчливиот вкус на јаболков оцет, затоа голтнете лажичка органски јаболков оцет кога ќе започнете икање.
8. Доколку сакате да го решите проблемот со алергиите, измешајте една лажичка јаболков оцет во чаша вода и испијте ја оваа смеса непосредно пред спиење.
9. Ако се чувствувате гладни пред спиење, само конзумирајте мешавина од вода и лажичка јаболков оцет наместо висококалорична храна.
10. Сè што сте јаделе во текот на денот ќе го изгорите во текот на ноќта со напивка со јаболков оцет!
Како да ја направите:
- 2 лажици сечкан магдонос
- голема чаша вода
- малку цимет
- малку јаболков оцет
- лажичка мед
- лажичка ѓумбир
- исцеден сок од лимон
Подготовка:
Оставете ја водата да зоврие, додадете го магдоносот и оставете да се излади. Процедете, па додадете ги другите состојки.
Оваа напивка пијте ја секоја вечер еден час пред спиење, две недели. Ако сакате да продолжите, направете пауза од најмалку 3 дена и потоа повторете.