Осумнаесет титули во 23 финалиња во кариерата и само една на земјена подлога, во серијата 250 во Умаг. На најбавната подлога Јаник Синер не е ни сенка за разлика на бетонот, подлога на која доминираше сезонава.
– Ако има некоја мана во тенисот на Синер, тоа е играта на земја. Сè уште нема стигнато ниту едно финале на голем турнир на таа површина – вели италијанскиот ТВ-коментатор и поранешен тенисер со скромна биографија, Гвидо Монако.
Италијанецот го споредува својот сонародник, со својот најголем конкурент во шоуто на Тенисманија за „ОА Спорт“:
– Ова е сегментот во кој Алкараз го надмина и покажа многу повеќе – потсетува дека Шпанецот не само што го освои Ролан Гарос туку и два трофеи на Мастерсот во Мадрид и три во серијата 500, два во Барселона и еден во Рио де Жанеиро.
Очигледна е разликата во успехот на Sinner на Грен-слемовите на бетон и на други површини. Во Мелбурн и Њујорк освои титули, во Париз и Лондон сè уште нема минато полуфинале.
– Годинава освои два грен-слема, на едниот играше полуфинале, на другиот четвртфинале. Доколку на Ролан Гарос го победеше Алкараз, немаше да загуби од Зверев во финалето, доколку го совлада Медведев на Вимблдон, до крајот можеше да загуби само од Алкараз. Практично беше на два-три меча од освојување на календарскиот грен-слем. Кога ќе размислите што освои Јаник оваа година, може да се каже дека тоа беше разочарувачка сезона за Карлос, но тој сепак ги освои Вимблдон и Ролан Гарос.