Доналд Трамп го избра Џ.Д. Венс за потпретседател на САД, по што тој и неговото семејство привлекоа големо внимание во јавноста.
Неговата сопруга, 39-годишната Уша Венс, е најмладата втора дама во американската историја.
На веб-страницата на нејзината адвокатска канцеларија се наведува дека таа е „специјализирана за сложени граѓански судски спорови и жалби поврзани со високото образование, локалната власт и технолошкиот сектор“, но по инаугурацијата на Трамп, таа страница повеќе не постои.
За време на церемонијата, Доналд Трамп ја спомна во својот говор и ја опиша како „единствената личност попаметна од Џеј-Ди Венс“.
Уша, чие моминско презиме е Чилукури, го запознала Венс во 2010 година додека двајцата студирале право на Јеил и се венчале четири години подоцна, по дипломирањето. Тие се родители на три деца, седумгодишниот Хуан, четиригодишната Вивек и двегодишната Мирабел.