
Бразилецот Едерсон го освои секој поголем трофеј во дресот на Манчестер Сити откако во овој клуб пристигна од Бенфика во 2017 година. Искусниот голман во едно интервју зборуваше за суеверија, а откри дека има само едно.
“Имам само едно суеверие. Играм во исти боксери на секој натпревар. Носам исти боксери веќе осум години”, изјави Едерсон.
„Тие сигурно не се во добра состојба“, го праша водителот.
„Не се“, одговори Едерсон и прсна од смеење.
Актуелната сезона е убедливо е најлоша за бразилскиот интернационалец откако пристигна на „Итихад“.
Трофејниот голман ја загуби довербата кај шпанскиот стручњак Пеп Гвардиола кој се почесто го преселува на клупата за резервни фудбалери.
Очигледно Едерсон на крајот на сезоната ќе го напушти Манчестер Сити, а нов голман на англискиот премиерлигаш би требало да биде актуелен член на Порто, Диого Коста.
Кога е во прашање Едерсон, голем интерес за неговите услуги покажуваат најбогатите клубови во Саудиска Арабија како и контроверзниот менаџер на турскиот суперлигаш Фенербахче, Жозе Мурињо.
Од неговата продажба, челниците на Манчестер Сити очекуваат заработка не помала од 30 мил. фунти.