Еден убиен, друг повреден: Масовна тепачка меѓу албански осуденици во затвор во Грција

429

Во средата, во затворот Коридалос во грчката престолнина, еден затвореник беше убиен, а друг беше повреден во насилна пресметка со ножеви или друго слично оружје. Според првите извештаи, убиениот затвореник е идентификуван како 35-годишен албански државјанин, осуден за две убиства, кој во 2018 успеал да побегне од затворот, но повторно бил уапсен и вратен, пишува Екатимерини.

Според информациите, повредениот бил од Косово и бил итно пренесен во болница со убодна рана на грбот. Тепачка се случила меѓу осудениците од Албанија, кои се сместени во 4-то одделение, каде се казна издржуваат претежно осудените за најтешки кривични дела. Медиумот објави дека во тепачката биле вмешани неколку затвореници.