![Kadetten Schaffhausen vs Rhein-Neckar Loewen](https://www.vecer.press/wp-content/uploads/2025/02/8591803-696x464.jpg)
Германскиот ракометен репрезентативец Уве Генсхајмер се прости пред 13.000 фанови во САП Арената во Манхајм, каде Ол-стар тимот играше против Рајн Некар Левен, клубот во кој Генсхајмер го мина најголемиот дел од кариерата и каде е спортски директор.
Натпреварот заврши со победа на Ол-стар тимот (38:36), што го избра Генсхајмер и за кој го постигна последниот гол на натпреварот од седмерец. Последниот официјален натпревар за Левен, Германецот го одигра на 30 мај минатата година.
Генсхајмер како ракометар помина 17 години во РНЛ и три во ПСЖ, каде беше соиграч на најголемите ѕвезди Никола Карабатиќ и Микел Хансен.
Во Бундеслигата, Генсхајмер одигра 435 натпревари, постигна 2.438 гола, ги освои шампионатот и купот, четири пати беше ракометар на годината, а со германската репрезентација е освојувач и на бронзен олимписки медал.