Еден апарат за домаќинство троши многу електрична енергија

98

Експертот за заштеда на енергија, Мартин Луис, ги предупреди корисниците на машината за сушење дека апаратот може значително да им ги зголеми сметките за струја. Иако сушарите се многу практични, нивната употреба може да биде исклучително скапа.

Луис објаснува дека машините за сушење алишта користат многу електрична енергија за да создадат високи температури потребни за сушење алишта, што ги прави меѓу апаратите што трошат најмногу енергија во домаќинството.

За семејствата кои често перат големи количини алишта, редовното користење на машината за сушење може драстично да ги зголеми сметките за струја, што е голем проблем за домаќинствата кои се обидуваат да ги намалат трошоците, пишува Експрес.

Луис советува, наместо редовно да користат машина за сушење, луѓето да размислат за алтернативи како што е сушење облека на воздух, што може значително да ја намали потрошувачката на енергија. Тој, исто така, предлага да користите грејач или одвлажнувач, кои трошат помалку енергија од традиционалните машини за сушење алишта.

Одвлажнувачите ја отстрануваат влагата од воздухот, а исто така трошат значително помалку електрична енергија, што ги прави поевтина опција.

Со оглед на тоа што високите трошоци за струја се уште се голем предизвик за многу семејства, Луис советува дека со доаѓањето на топлите месеци, многумина треба да размислат за сушење алишта на отворено, што не само што заштедува пари, туку и ја намалува потрошувачката на електрична енергија. Покрај тоа, природното сушење на сонце е добро и за облеката.

ИЗДВОЕНИ